Здружението Преродба, своите ставови и мислења во однос на судските постапки кои се водат пред судовите, ќе ги засновува пред се на законската регулатива за работата на судовите во РМ, кои се одговорни да ги заштитуваат, почитуваат и унапредуваат човековите и граѓанските права и слободи, за обезбедување на правната сигурност врз основа на владеењето на правото, и да ги овозможат сите законски предуслови, со цел за донесување на изржана, од сите аспекти, пресуда во името на граѓаните на Република Македонија, според начелата на непристрасно и чесно судење кои се начела со кои се обезбедува објективно и правично судење.

Во рамките на своите активности, а согласно со своите цели од Статутот на здружението, тоа може да се обрати до судот и до обвинителството, за активно вклучување во судските постапки и процеси, заради постоење на потреба од поиздржано и целовито, интердисциплинирано, леге артис, третирање на предметите во надлежност на судот/вите, а во обрана и заштита на севкупните човекови и граѓански права на граѓаните, од сите аспекти и во сите области, подеднакво, а во судските постапки исто така за осигурување на загарантираните права за правично судење, предвидено со Уставот, законите, меѓународните декларации и конвенции за човекови права и ратификуваните меѓународни договори.

Со нејзиното вклучување во судската постапка, Преродба ќе постапува по барања за застапувања, ќе им излегува во пресрет на потребите на нејзините членови, граѓани и други субјекти, како здружение на граѓани, од поширок интердесциплинарен цивилизациски аспект и контекст, во соработка и преку адвокатска канцеларија и други институции. За разлика од сепаратниот, само тесно правниот, адвокатски и судски пристап, кој најчесто е недоволен, нецелосен пристап, а со тоа и неадвекватен и необјективен, во третирањето на одреден предмет кон одреден субјект и дело во која било судска постапка. Сето тоа ќе оди преку Преродба како граѓански јавен институт. И на веб-страницата на Преродба.

Здружението на таков начин, соработувајќи со судот, постапува и одговара согласно со начелото за јавност и транспарентност, во прилог на заштита и одбрана на човековите универзални и граѓански права и слободи, што на практично ниво, на ниво на судската пракса на постапување, односно водење постапка, значи, застапување во одбрана на граѓанинот, односно неговата дејност и институција од недозволено сепаратно и непоткрепено со соодветни потполно издржани, од сите аспекти, докази за делото со истиот се товари. Односно, дали и кои се прекршувања на правата загарантирани со домашните и меѓународните регулативи, се направени.

За својата активност во постапката, здружението ќе изготви Извештаи, за судењето, за рочиштето, за одлуките, пресудите и сл. Истите ќе ги доставува до судот, до Министерството за правда, до граѓански здруженија, асоцијации, до јавноста, на веб, до надлежните институции, од нивна страна да одговорат, да се вклучат во постапката. Да им помогнат на судовите во издржано правилно решавање на споровите. Интердесциплинарниот пристап е неопходен за доследно спроведување на реформите и врвно судство.

Поради тоа, а за да се избегнат натамошни посериозни повреди на законите и судската постапка, а со тоа и повреда на граѓанските права на учесниците во постапката, здружението Преродба ќе ја користи институцијата "јавност" за сите незаконитости и повреда на законите, за повреда и кршење на човековите права и слободи пред судовите и органите на државната управа, против злоупотреба на службената должност и причинување на штета на граѓаните пред судовите, упатувајќи апел до граѓаните, дека ќе застанеме зад секој член од здружението кој ќе има потреба од заштита на неговите права пред судовите и во судските постапки.